„Специјалниот“ имаше мала непријатна епизода со фановите на Челси кога со Манчестер јунајтед гостуваше на Стемфорд Бриџ во ФА Купот.
Португалецот се реваншираше кога „Црвените Ѓаволи“ со 2-0 славеа над „Сините“ на Олд Трафорд.
Кога Жозе Мурињо го напушти теренот по последниот свиреж, тој испрати порака до навивачите на Челси и покажуваше кон грбот на Манчестер јунајтед на неговата облека.
Медиумите од Англија потоа имаа интересна забелешка, Жозе Мурињо само против Челси носел облека со логото на Манчестер јунајтед.
„Специјалниот“ сега во разговор со Рио Фердинанд за БТ Спорт го потврди ова и објасни зошто го направил.
„Се појавив со таква облека, која обично не ја носам“ – вели Мурињо. „Го сторив тоа бидејќи се работеше за Челси, и сакав да ставам јасно до знаење дека повеќе немам ништо со Челси“.
„Челси е мојата историја, јас сум дел од историјата на Челси. Имам голема почит кон фановите, ми дадоа многу, но повеќе не сум дел од Челси“.
„Па се појавив со облека на која стоеше логото на Манчестер Јунајтед и сите можеа да видат какви се моите чуства“.
„Да, тоа го осмислив претходно. Го сторив тоа бидејќи сакав да ги прекинам сите односи со Челси“.
Jose Mourinho tapping the Manchester United badge after the game pic.twitter.com/wUJyS0MzWt #MUFC
— Manchester United (@ManUtdUpdates_) April 16, 2017