Мурињо на средба со Ед Вудворд, една од темите на разговор ќе биде Зидан!

by
1 минути читање

Португалецот е
под голем притисок по слабиот старт на сезоната како и расправијата со Пол
Погба, која стана прилично јавна.

Според пишувањата
на „Сан“, Жозе Мурињо ќе се сретне со Ед Вудворд во Лондон во пресрет на
состанокот на бордот на Манчестер јунајтед кој е закажан за подоцна во неделата.

Наводно
„Специјалниот“ е убеден дека клубот веќе е во потрага на негов наследник, па ќе
го праша извршниот потпретседател за ова, и ќе бара гаранции дека Зинедин Зидан (Французинот се посочува како најсериозен кандидат)
нема да го замени на кормилото.

Жозе Мурињо исто
така ќе побара и знчителна сума за засилувања во јануари. Португалецот смета
дека само зборови не се доволна поддршка и доколку клубот му стави пари на
располагање за трошење, тоа е вистински знак дека лидерите се зад него.

Слична вести има
и „МЕН“, весникот пренесе дека Мурињо во Лондон ќе се види со неколку постари директори на
Манчестер јунајтед, но овој состанок го опишува како рутински и од поодамна
испланиран токму кога е паузата за репрезентативни настапи за да не му смета на
Жозе Мурињо и неговите секојдневни тренерски обврски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×