Мурињо му замерува на Челси дека игра дефанзивно а тој користи шест играчи во одбрана

by
1 минути читање

Португалецот во
неколку наврати оваа сезона упати провокација до својот поранешен клуб Челси и
ги обвини „Сините“ дека играат премногу дефанзивно.

Но очигледно за
Жозе Мурињо важи изреката „не ме гледај што правам, слушај што ти зборувам“.

Откако Манчестер
јунајтед попладнево поведе со 0-2 на гостувањето кај Мидлзбро, од игра беше
повлечен Мата а на негово место влезе Рохо, кој беше четвртиот централен
дефанзивец на теренот покрај Џонс, Сомолинг и Баји.


Па завршните 20
минути „Црвните Ѓаволи“ ги играат со шестмина во одбраната, покрај четворицата
централни дефанзивци, Валенсија и Јанг играа како бекови.

„Тие ја променија
играта со Жестед и Негредо, почнаа да играат на долги топки во шеснаесетникот,
па ние решивме да се браниме со еден дефанзивец повеќе
– беше образложението на Мурињо по
крајот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани