Мурињо му се извини на Карвахал за грешката од пред 12 години

by bojan
8 минути читање
Карвахал

Жозе Мурињо се огласи на социјалните мрежи по триумфот на Шпанија над Англија во финалето на Европското првенство, стратегот порача дека во Германија победил најдобариот тим.

„Специјалниот“ излезе со коментар по славјето на Шпанија на ЕВРО 2024.

Португалецот го искористи постот на социјалните мрежи да се пофали самиот себе за тоа што им дал шанса на Мората и Начо во Реал Мадрид, но и да се искритикува за тоа што го правил Карвахл на позајмица во Беар Леверкузен, наместо и на него да му укаже прилика за скок од академијата во првиот тим.

„Начо како капитен ја освои Лигата на шампиони, Мората како капитен го освои Европското првенство. Многу честитки за двајцата но и затренерот кој им даде шанса да дебитираат кога беа само деца од акедмијата. Истиот тренер кој некако не успе а да разбере дека и Карвахл заслужувал шанса. Многу честитки и до господинот Де Ла Фуента за одлично завршената работа. Победи најдобриот тим!“ – напиша Жозе Мурињо на Инстаграм.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани