Мурињо многу емотивно го прослави пласманот во финалето на Лига Европа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед не покажа доминација против Селта, напротив можеше да доживее и елиминација доколку гостите последната шанса ја претвореа во гол, но тоа не му пречи на Мурињо да го слави пласманот во финалето.

„Бевме подобар тим во првиот натпревар против Селта, имавме многу шанси но не искористивме за да го решиме прашањето тогаш. Мечот на Олд Трафорд беше отворен, целиот притисок беше врз нас, тие беа комплетно ослободени од такво нешто и ни задаваа многу проблеми“ – вели Мурињо.

„Но по 14 натпревари ние сме во финалето. Доколку ја освоиме Лига Европа ќе бидам повеќе од среќен. Би било неверојатно“.

По крајот на мечот, Жозе Мурињо отиде кај фановите на Манчестер јунајтед и многу емотивно го прослави пласманот во финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани