Мурињо: Манчестер Сити е предобар за да плаче, јас кога играв со послаби тимови против Ливерпул…

by
1 минути читање

Ливерпул славеше
победа во големото дерби на домашен терен против Манчестер Сити со 3-1, а мега
дербито на „Енфилд“ помина со едни дискутабилни одлуки на главниот арбитар
Мајкл Оливер, особено во двете ситуации каде Трент Александер Арнолд играше со
рака во казнениот простор на домаќините, но, немаше пенал за гостите.

Шефот на
стручниот штаб на бранителот на трофејот во Премиерлигата, Пеп Гвардиола беше
видно вознемирен од таквите одлуки на Оливер, а коментар за тоа што се случи на
дербито има и поранешнио тренер Жозе Мурињо.

Овој тим на
Манчестер Сити е предобар за да плаче една седмица за еден инцидент
“ рече
Мурињо во изјавата за „Скај Спортс“.

Тие треба да се
концентрираат на натпреварите и да увидат каде можат подобро од тоа што го
прикажаа
“ додаде Португалецот притоа коментирајќи и каква тактика тој користел против Ливерпул, наведувајќи дека играл со не толку добри екипи како Манчестер Сити.

Секогаш кога јас
ќе играв против Ливерпул, со не толку добри екипи, јас се грижев околу
дистанцата помеѓу моите четворица дефанзивци. Фирмино паѓа помеѓу линиите, а
Салах и Мане ги окупираат празнините на противниците, Ливерпул постигна два
гола на тој начин, тоа можеше да се избегне
“ заклучи Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×