191
Кога Мурињо го презема Тотнем, тие беа на 14. место на табелата со дури 12 бода заостанување зад позициите кои носат во Лигата на шампионите.
Но за многу кратко време Тотнем успеа да фати приклучок и ако го победи Челси уште денеска може да дојде до четвртата позиција.
„Не постои добро време за играње против Челси. Реалноста е дека бевме 12 бодови зад местата кои водат во Лигата на шампионите, беше речиси чудо да стигнеме до таму, бевме толку, толку далеку, сега сме само на три бода“, вели Мурињо.
„Би било неверојатно за нас да ја редуцираме разликата од 12 на нула за толку кратко време, но секогаш е тешко против Челси“.