Мурињо: Клоп сакаше месо а доби риба

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед ја прекина победничката серија на Ливерпул во Премиерлигата оваа сезона откако одигра 1-1 на Олд Трафорд.

„На Клоп не му се допадна менито, сакаше месо, а доби риба“, изјави Мурињо за „Скај Спортс“.

„Тие сакаат да играат против противник кој им дава да прават шанси на контра напади. Се разбира, Јунајтед со лимитираноста која ја имаат во моментов играше друг вид на игра“.

„Тие се обидоа да им ја запрат транзицијата, секогаш играа со тројца централни дефанзивци во позиција, секогаш компактни. На Ливерпул не му се допадна тоа мени“.

„Ливерпул не знае да игра против низок блок. Морам да кажам дека навистина сум среќен што не победија поради рекордот кој е мој, а не нивни“. (Мурињо со Челси има девет победи по ред на стартот на сезоната 2005-2006).

„Тие можат да го прегазат противникот кој игра на начинот на кој тие сакаат да игра. Јурген јасно дека беше фрустриран. Олд Трафорд е посебно место на кое Ливерпул сака да победи, но тој никогаш не успеал во тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×