Мурињо: Кејн би можел да ни помогне во мечот со Лестер, тоа би било најдоброто сценарио

by
1 минути читање

Жозе Мурињо вели
дека најдоброто сценарио во очекуваното враќање на повредениот Хари Кејн на терените е мај,
иако за три месеци, сепак, Португалецот посочи и еден меч од 37 коло, поточно
претпоследно од сезонава во Премиерлигата, во кој Кејн би бил од голема помош
за тимот.

Мечот со Лестер,
можеби тој меч ќе биде од големо значење за нас оваа сезона, можеби истиот ќе
одигра клучна улога во тоа кој ќе заврши на четвртото, петтото и шестото место
на табелата, а можеби Кејн би можел да ни помогне токму на тој меч. Се надевам,
дали е тоа најдоброто сценарио во овие моменти? Да, барем јас така сметам
“ рече
Мурињо.

Во јануарскиот
преоден рок Тотнем не успеа да ја покрие дупката оставена од повредата на Кејн,
меѓутоа, фановите барем за момент се надеваат на добри денови без „деветката“
на клубот, особено по фантастичното деби на младиот Стивен Бергвијн, кој
постигна гол во победата од 2-0 над Манчестер Сити.

Што се однесува
пак до изјавата на Мурињо, истата има логика доколку се погледне ситуацијата на
табелата во Премиерлигата, каде по 25 одиграни кола Тотнем е на петтото место,
а посакуваното четврто место и пласман во Лигата на шампионите за идната сезона
не е далечно, па сигурно ќе следи битка до крајот на сезоната со Челси, а тука
е воедно и Манчестер јунајтед, па и Шефилд Јунајтед, како и Вулверхемптон, кои
исто така се близу, но останува дилемата кој ќе ја следи трката со бодови до
крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×