„Специјалниот“
даде интервју за ЕСПН Бразил во кое говореше за можноста еден ден да седне на
кормилото на петкратниот светски шампион.
„Мислам дека кога ќе
заминам од Манчестер јунајтед ќе ми треба полесна работа… и да се
предводи Бразил, тоа сигурно ќе биде потешка задача” – вели Жозе Мурињо.
„Очигледно тоа ќе
биде возбудлива авантура, секој тренер сака да работи со најдобрите тимови”.
„Бразил е синоним
за успех, со голем талент во своите редови, без разлика за која генерација се
работи, секогаш има талент во тимот”.
„Но морам да
признам дека предизвикот е многу тежок, секој Бразилец е тренер, секој новинар
мисли дека има подобар тренер од тој што во моментот е тренер”.
„Мислам дека
тешко е да се работи во ваква држава, но во исто време таа е полна со страст и
пасија”.
„Сепак, верувам дека репрезентацијата на Бразил треба да ја предводи Бразилец”.