Оваа недела летна
уште една „глава“ во Премиерлигата, Мидлзбро реши да се раздели со Аитор
Каранка.
Шпанецот доби
отказ непосредно пред дуелот со неговиот добар пријател Жозе Мурињо и
гостувањето на Манчестер јунајтед на Риверсајд.
Па неизбежно беше
„Специјалниот“ да го прокоментира потегот на Мидлзбро. Португалцот со саркастичен тон им рече на новинарите: „Заслужи да добие отказ“.
„Во првата
година, Каранка го спаси Мидлзбро од испаѓање во третата лига“.
„Во втората
година, ги однесе на Вембли и играа во финалето од плеј-офот”.
„Во третата
година, им обезбеди директна промоција во Премиерлигата”.
„Па мислам дека
во четвртата година заслужи да добие отказ”.
Запрашан дали
играчите влијаеле на одлуката на Мидлзбро, Мурињо одговори: „Да. Во овој
случај ги знам имињата”.