Мурињо ја прокоментира грешката на Де Хеа: Вакви киксови не прави во Манчестер јунајтед…

by
1 минути читање

Давид де Хеа
вечерва капитулираше во три наврати, можеби немаше шанси да ги одбрани пеналот
и слободниот удар на Кристијано Роналдо, но мораше да реагира многу подобро
кон финишот на првиот дел кога ЦР7 биеше од врвот на шеснаесетникот.

Топката одеше
право во голманот, но Шпанецот неспретно реагираше и некако дозволи таа да
заврши зад неговиот грб. Па Жозе Мурињо, кој работи како стручен коментатор за
Раша Тудеј, беше запрашан да даде коментар за големиот кикс на неговиот пулен.

„Тој е мој човек,
ме боли што ќе го кажам ова, но и самиот е свесен и сигурно знае дека тоа беше
голема грешка“
– вели Специјалниот.

„Тоа е грешка
која не ја прави со нас, во Манчестер јунајтед. Го избравме за играч на
сезоната, имаше фантастични перформанси, но и најдобрите знаат да погрешат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани