Хари Кејн
заработи сериозна повреда, мораше да оди на операција да го санира оштетувањето
на задната ложа и ќе паузира околу четири месеци. Сезоната за него е практично
завршена, па Жозе Мурињо и Тотнем бараат нов напаѓач.
„Спарси“ се
поврзуваат со голем број на имиња, а последните информации велат дека изборот
паднал на Вилијан Жозе. АС и Марка пишуваат дека Реал Сосиедад и Тотнем се во
напредни преговори и се очекува во скоро време да падне договор.
28 годишниот
напаѓач има откупна клаузула од 70 милиони евра, но трансфер сумата ќе биде далеку помала.
Вилијан Жозе е
добро познат на македонската фудбалска јавност, тој со Реал Сосиедад гостуваше
во Скопје за меч од Лига Европа и на Вардар му даде четири гола во
убедливата победа од 0-6.