Во 2014, Луј ван Гал
дозволи Мајкл Кин да се пресели на позајмица во Барнли, а шест месеци
подоцна даде зелено светло и за негова продажба за само 2,5 милиони фунти.
Дефанзивецот на
Труф Мур покажа што умее, па сега е желба на Ливерпул, Евертон, Челси и
Тотенхем.
Во неделата
камерите го уловија Мајкл Кин на Олд Трафорд за дерби пресметката помеѓу
Манчестер јунајтед и Челси, па веднаш почнаа гласини за враќање на 24 годишниот
дефанзивец во редовите на „Црвените Ѓаволи“.
Мирор вели дека
Жозе Мурињо се приклучил во трката, Португалецот сака да ја исправи грешката на
Луј ван Гал, ама скапо ќе ја плати.
Весникот додава
дека Барнли за услугите на Мајкл Кин, кој по добрите игри доби повик и од
Англија, сега бара околу 30 милиони фунти.