Барселона не импресионираше на Олд Трафорд но си замина со победа од 1-0, Манчестер јунајтед го темели оптимизмот на гостинските победи против Јувентус и ПСЖ, па дуелот се уште е отворен.
На Жозе Мурињо посебен впечаток му остави младиот Скот МекТоминеј кој беше прогласен и за играч на мечот од „ЛЕкип“.
„Барселона не беше Барселона на овој натпревар. Мислам дека Јунајтед имаше еден фудбалер кој беше одговорен за тоа бидејќи мислам дека Скот МекТоминеј во средината на теренот беше како што би рекол – но кога го употребувам ова мислам во тотално позитивна смисла на зборот. Тој беше лудо куче“, вели Мурињо.
„Не се плашеше од никој. Предизвикуваше почит. Притискаше навистина силно со широк радиус на движење, правеше пресинг во голем дел од теренот. Притискаше високо и креираше проблеми во градењето на акциите на Барселона и беше навистина агресивен во дуелите“.
