Жозе Мурињо не доби финансиска поддршка во летниот преоден рок за да го засили тимот онака како што сака. Тимот не игра на посакуваното ниво, но фановите на Јунајтед вината ја бараат кај раководството, а не кај португалскиот стратег.
Информациите од Англија велат дека за гостувањето кај Барнли во недела, фановите на Манчестер јунајтед изнајмиле авион кој ќе треба да го прелета стадионот со парола „ED OUT – LUHG“. Паролата е против извршниот потпретседател Ед Вудворд и сопствениците Глејзер – LUHG (Love United Hate Glazer).
„Навивачите беа фантастични и на двата меча. Не за мене, туку за тимот кој е најважниот. Во мојата кариера никогаш не сум бил себичен и да мислам само на себе, јас сум клупски човек. Многу сум среќен кога гледам како навивачите му даваат поддршка на тимот“, вели Мурињо.
„Против Лестер ќе речете дека тоа е нормална ситуација бидејќи одигравме добро и победивме. Но кога гледаш како навивачите го поддржуваат тимот против Брајтон каде не одигравме добро и загубивме, тоа ви дава фантастично чувство“.
„Се надевам дека тоа чувство го делат и фудбалерите и се подготвени да дадат се што имаат од себе“.
Манчестер јунајтед вечерва има голем предизвик, го пречекува Тотнем на Олд Трафорд во дербито на колото.