Манчестер јунајтед синоќа доживеа сензационална елиминација откако на свој терен на пенали загуби од Дерби.
Јунајтед водеше со 1-0, Дерби го сврте мечот и поведе со 2-1, домаќините со гол на Фелаини во судиското продолжение дојдоа до 2-2, но загубија на пенали.
„Не постигнавме гол кога можевме, а можевме во првото полувреме. Имавме добра ситуација да го решиме мечот, не го направивме тоа. Им ги повторував истите зборови на фудбалерите кои им ги кажав и во претходниот меч дека противникот ќе игра со голема верба бидејќи резултатот е се уште отворен а тие играа навистина добро“, вели Мурињо.
„После црвениот картон ни беше тешко. Но и со играч помалу и негатива успеавме да се вратиме. Потоа дојдоа пеналите и некој мораше да промаши. Кога видов дека влегуваме, во шеста, седма серија, знаев дека ќе бидеме во неволја со Џонс и Баи“.
„Карабао купот не е наша грижа веќе бидејќи нема да играме во него се до следната сезона. Тоа е најмалото натпреварување во кое сме инволвирани но би излажал ако кажам дека не сакавме да победиме. Сакавме и разочарани сме од исходот“.