Мурињо искрен: Жалам за начинот на кој го третирав Швајнштајгер

by
2 минути читање

Германскиот фудбалер кој не беше во плановите на Жозе Мурињо, особено на почетокот од сезоната, минатата недела замина од Манчестер јунајтед и потпиша за Чикаго Фајр.

Откако Мурињо дојде во Јунајтед, веднаш го прати Швајнштајгер да тренира со резервните фудбалери и тоа траеше со месеци пред да го повика во првиот тим.

„Тој е еден од тие фудбалери за кои жалам за начинот на кој сум ги третирал. Не сакам да зборувам за него како фудбалер, не сакам да зборувам за него како играч, дали би го купил или не. Сакам за него да зборувам како за професионалец, како човек“ – вели Мурињо.

„Последната работа која му ја кажав пред да замине беше: „Еднаш не бев добар со тебе, сега треба да бидам добар“.

„Тој ме праша дали ќе го пуштам да замине, реков да, можеш да заминеш, еднаш те спречив, не можам два пати“.

„Жалам за првиот период со него, тој го знае тоа, среќен сум бидејќи тој знае, му го кажав тоа“.

„Ќе ми недостасува како добар човек, добар професионалец, имаше добро влијание на тренинзите. Не можев да го спречам да замине иако знаев дека пред нас имаме толку многу натпревари и веројатно тој ќе ни беше потребен за некои од нив“.

„Но требаше да го пуштам и сега јавно му посакувам него и на неговата сопруга многу среќен живот во Чикаго“.

Запрашан дали доколку може да го врати времето би постапил поинаку, Мурињо рече:

„Да да секако, би го оставил да биде во составот. Знаев дека во тој момент имавме премногу фудбалери. Ако ви текнува тогаш беа и Шнајдерлин, Депај, Переира, Блекет, Вилсон. Составот беше голем на почетокот. Но откако го запознав како професионалец и личност, начинот на кој се однесуваше и како ги почитуваше моите одлуки, да, жалам, и немам проблем да го кажам тоа и тој го знае тоа бидејќи и него му го кажав“.

„Отсекогаш сум велел дека втората сезона е сезоната во која тренерот знае се за фудбалерите“.

„Она што го знаев за него беше сезона полна со повреди, сезона во која тој речиси не играше, сезоната во која тој имаше третман надвор од клубот и мислев дека тоа не е во ред, дека го нема потребниот менталитет. Според тие работи тој беше играч каков што не ми беше потребен во составот, но згрешив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани