Мурињо иронично го пецна Конте: Дефанзивниот фудбал сега стана уметност

by
1 минути читање

Жозе Мурињо трофеите со Челси ги освојуваше со дефанзивен стил на игра, таква игра практикуваше и во Интер, па многу често беше критикуван за тоа.

Челси оваа сезона има апсолутна доминација во Премиерлигата, Антонио Конте има одлична дефанзива и добар контра напад, но не добива критики за начинот на игра.

Мурињо со Јунајтед игра офанзивен фудбал, особено тоа беше случај на гостувањето кај Лестер каде „ѓаволите“ речиси во текот на целиот меч напаѓаа, постигнаа три гола имаа и уште неколку убави прилики за поубедлива победа. Па таквиот развој на настаните Португалецот го искористи за да го нападне Конте.

„Мојот тим одигра многу добро против Лестер“ – задоволен беше Мурињо по мечот.

„Но во многу, многу години од мојата кариера, особено во оваа земја кога моите тимови доминираа, играа феноменална дефанзива и многу добар контра напад, слушав како тоа не било доволно и покрај освојувањето на титулите“.

„Се чини дека оваа сезона е уметност да играш феноменална дефанзива и контра напад, па ова е голема промена во Англија“.

„Но јас не сакам да го променам начинот на кој ние играме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани