Мурињо има три леви бека, ама плаќа 50 милиони за да донесе играч по мерка

by
1 минути читање

Во моментов
„Црвените Ѓаволи“ на располагање ги имаат Лук Шо и Далеј Блинд, а и Матео
Дармијан може да покрие на левата бековска позиција, но ниту еден од тројцата
не се по мерка на Жозе Мурињо.

„Специјалниот“
затоа бара долгоречно решение за позицијата лев бек, и според медиумите од
Англија, Дени Роуз од Тотенхем е играчот кој перфектно се вклопува во замислите на Португалецот.

Манчестер
јунајтед е подготвен да плати 50 милиони фунти и ќе тропне на вратата на
„Спарси“ уште во јануари.

Доколку не успее
во намерата, клубот од Олд Трафорд ќе изврши силен притисок во летниот преоден
рок со цел да му ја исполни желбата на Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани