Првата и најскапа желба му е Хери Мегвајер, дефанзивецот на Лестер кој имаше блескаво Светско првенство. Тој ќе беше многу поевтин пред Мундијалот, но сега се проценува на околу 65 милиони фунти.
За да дојде до Мегвајер, Мурињо ќе треба да продаде и некој од своите сегашни дефанзивци.
Следен на листата е Тоби Алдервирелд од Тотнем. Информациите велат дека Јунајтед уште во мај се обидувал да дојде до Алдервирелд, но клубот од Северен Лондон е тврд во преговорите па тешко од нив се купуваат фудбалери кои им се потребни за стартниот тим.
Третата желба е дефанзивецот на Милан, Бонучи. Цело лето се шпекулира дека тој ќе си замине од Сан Сиро, но со доаѓањето на новите сопственици се менуваат и амбициите на „росонерите“, па можно е да не биде продаден.
Јасно е дека Манчестер јунајтед не може да ги купи сите тројца дефанзивци, но Мурињо би бил задоволен ако му донесат барем еден играч од нив.