Мурињо им држеше лекција на новинарите па откри: Спијам во тренинг центарот, работам по 12 часа дневно

by bojan
1 минути читање
Мурињо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо открива дека спие во тренинг центарот на клубот со цел да не троши многу време и работи по 12 часа дневно.

Португалецот се најде на удар откако не се појави на прес по поразот од Галатасарај во големото дерби.

Жозе Мурињо вчера се сретна со новинарите по победата над Унион СЖ во Лига Европа и држеше лекции.

Запрашан кога сите ќе го видат „ефектот Мурињо“, тој порача: „Ефектот „Мурињо“ е освојување трофеи. Освоив трофеј во сите клубови каде што работев, освен во Тотнем бидејќи ме избркаа на два дена пред финале во купот. Па „ефектот Мурињо“ е тоа што креирам основа за да се освои трофеј. Жал ми е, но не можеме да освоиме трофеј во септември“.

„Новинарите влијаат врз начинот на кој размислуваат навивачите, па можеби вие треба да се промените, работите премногу“.

Тој потоа додаде: „Јас работам по 12 часа на ден, спијам во тренинг центарот на клубот за да не трошам време. Истанбул е убав град, но не дојдов тука на одмор, дојдов да работам. Сите во клубот го прават истово, имам одлична работна атмосфера“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани