Мурињо и Јунајтед подготвуваат 110 милиони фунти за тројца играчи на Тотенхем

by
0 минути читање

„Спарси“ имаат нова одлична сезона, па голем број играчи го привлекуваат вниманието.

Според денешното издание на Дејли Стар, Жозе Мурињо мерка тројца играчи.

На радарот на „Специјалниот“ се десниот бек Кајл Вокер, левиот бек Дени Роуз и универзалецот Ерик Дајер.

„Црвените Ѓаволи“ се спремни да одвојат 110 милиони фунти за триото Англичани.

Со овој потег, Жозе Мурињо исто така се обидува да му ги помати сметките на Пеп Гвардиола.

Шпанецот ги има идентификувано Кајл Вокер и Дени Роуз како топ цели за засилување на Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани