Медиумите од Турција пренесуваат дека Фенербахче сака да го донесе на позајмица Дарвин Нуњез, напаѓачот е најскапото засилување во историјата на Ливерпул.
Жозе Мурињо и Фенербахче имаат амбициозни планови, па клубот од Истанбул често се поврзува со звучни имиња.
Последните информации велат дека „жолто-сините“ сакаат да го донесат на позајмица Дарвин Нуњез и веќе се отворени разговори.
Уругваецот пред две години стана најскапото засилување во историјата на Ливерпул, за неговите услуги беа одвоени 85 милиони фунти.
Сепак, тој не ги оправдува очекувањата на Енфилд, и често е во центарот на вниманието поради големите промашувања.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.