Мурињо го „скрои“ по свој мерак и Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ ќе го имаат највисокиот тим во Премиерлигата

by
1 минути читање

„Специјалниот“ е
познат по тоа што сака да има „џинови“ во неговите екипи па веднаш по пристигнувањето
во Манчестер јунајтед почна да го трансформира тимот по свој мерак.

Во првата година
пристигнаа Ерик Баји, Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Хенрих Михитарјан, од нив
само Ерменецот е под 180 цм, или поточно 178 цм.

Трендот продолжи
и ова лето, над 180 цм се новите три имиња: Виктор Линделоф, Ромелу Лукаку и
Немања Матиќ.

Под водство на
Луј ван Гал, „Црвените ѓаволи“ беа седмиот највисок тим во просек во
Премиерлигата, и Холанѓанецот често знаеше да се пожали за ова.

Но тоа ќе се
промени оваа сезона и Манчестер јунајтед веројатно ќе го има највисокиот тим.

Па кога се во
прашање физичките предиспозиции и овој состав полека наликува на оние
претходните на „Специјалниот“ во Интер, Реал Мадрид како и двата тима кои ги
креираше во двата престои на Стемфорд Бриџ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани