Мурињо го прокоментира гестот на Деле Али

by
1 минути читање

Али изгледаше изненадено кога во 64. минута излезе од игра, додека да седне на столчето фрли едно шише со вода и копачките.

Но Мурињо негира дека Деле Али бил лут поради замената, Португалецот смета дека неговата реакција била поради перформансите.

„Мислам дека тој беше лут поради неговите перформанси а не поради мене. Мислам дека разбира зошто го извадив, и тимот стана подобар по замената“, изјави Мурињо.

Тотнем без Кејн и Сон изгледаше лошо против Лајпциг. Мурињо смета дека тоа е и клучот за лошите перформанси и резултатот.

„Треба да ја погледнете нашата ситуација. Тоа е исто како натпревар од Лигата на шампионите на Барселона без Меси, Суарез и Гризман. Или меч на Ливерпул во ЛШ без Салах, Мане и Фирмино, но тие го имаат Ориги“.

„Тоа што ме загрижува е дека ситуацијата нема да се подобри до крајот на сезоната. Да беа неколку мечеви ќе речев добро, ќе биде тешко, но ќе помине. Но овој пат не е така“.

„Сепак горд сум на моите фудбалери. За реваншот во Лајпциг едно можам да ветам, поради менталитетот на моите фудбалери, без разлика што не знам кој ќе игра во нападот, тие ќе се борат до крајот на нивните сили“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×