Жозе Мурињо повторно е во центарот на вниманието поради фудбалски работи. Манчестер јунајтед синоќа го одигра најдобриот натпревар оваа сезона и доби дербито со Челси.
Португалецот ја образложува тактиката со која го надигра силниот противник, вели дека така се обидел да игра во ФА Купот кој Челси го доби со 1-0, но тогаш раното исклучување на Андер Ерера го оневозможи да ги спроведе замислите во целост.
„Сакам да кажам дека дури и пред куп дуелот бев уверен дека е важно да се контролираат двајцата фудбалери кои играат зад Дуего Коста, понекогаш Азар, понекогаш Азар-Педро. Со контролирање на оваа позиција од овие два играчи и контрола на страничните бекови поради тоа што тие одат многу длабоко, можете да им креирате многу проблеми“ – вели Мурињо.
„Ќе го повторам истото: Тие се фантастични во контра напади, а кога ја имаат топката тогаш е малку потешко за нив, кога тие ја имаат топката ние сме компактни, а кога ќе се обидат да одиграа на контра напад ние секогаш под контрола им ги имавме нивните клучни позиции“.
„Диего Коста е многу опасен, но нашата задача беше да ги контролираме тие две позиции кои го поврзуваат. Тоа го направивме и на Стемфорд Бриџ додека игравме 11 на 11, со 10 играчи беше потешко, овој пат успеавме“.