Кристијан Ериксен
подолго време се најавува како засилување за Антонио Конте, но се уште нема
официјална потврда и покрај тоа што останува само уште една недела до крајот на
зимскиот преоден рок.
Тренерт на
Тотнем, Жозе Мурињо е фрустриран од трансфер сагата и го обвини Интер за
ситуацијата во која се наоѓаат сега.
„Ова не смее да
се случува, особено не на 25. јануари. И Тотнем воопшто не е виновен за
ситуацијата во која се наоѓаме во овој момент. Ериксен се однесува на
професионален начин, па немам никакви замерки кон него. Не е убаво тоа што се
наоѓаме во ваква ситуација на 25. јануари“ – порача Португалецот по дуелот со
Саутемптон во ФА Купот, натпревар на кој Кристијан Ериксен во последен момент
беше изоставен од составот.
Според она што се
пишуваше изминативе два дена, Интер и Тотнем имаат договор за трансфер на
Данецот вреден 20 милиони евра и се очекува тој во понеделник во Милано да ги изврши редовните
лекарски прегледи.