Мурињо го надмудри Конте, Манчестер јунајтед го победи Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо постави речиси совршена тактика за да го неутрализира својот поранешен тим. Манчестер јунајтед изгледаше многу подобро на теренот и сосема заслужено оствари победа во големото дерби.

Манчестер јунајтед влезе многу подобро и поподготвено уште од самиот старт, резултатот беше отворен во седмата минута, по одлична асистенција од Андер Ерера, Рашфорд постигна гол за водство од 1-0.

Челси првиот шут и тоа многу непрецизен го имаше дури во финишот од првото полувреме.

Вториот дел беше налик на првиот, уште на самиот почеток Андер Ерера постигна гол за 2-0 што се покажа и како конечен резултат.

До крајот на мечот Манчестер јунајтед комплетно ја контролираше играта, имаше и посериозни шанси за зголемување на водството. Челси јалово се обидуваше да направи нешто повеќе.

Ова беа значајни три бода за Манчестер јунајтед, а Челси со овој пораз има само четири бода пред Тотнем кој опасно им се приближи на сините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани