Тотнем му го продаде Ериксен на Интер за околу 20 милиони евра. На данскиот фудбалер договорот му истекуваше по крајот на сезоната, па ако останеше ќе можеше да си замине бесплатно.
Парите од Ериксен, Леви ги инвестираше во 21-годишниот Холанѓанец од ПСВ, Стивен Бергвин кој Тотнем го чинеше околу 30 милиони евра.
„Г-дин Леви од бизнис гледна точка направи одлична зделка бидејќи договорот на Ериксен истекуваше за шест месеци“, вели Мурињо.
„Г-дин Леви успеа да добие значителна трансфер сума која ја искористи за купување на 21-годишен фудбалер каков што е Стивен Бегвин. Па г-дин Леви направи фантастичен потег за клубот“.
„Фантастична зделка, продаде фудбалер кој е слободен за неколку месеци и тие пари ги инвестира за ангажман на Стивен Бергвин“.
„Тој е млад, да млад е но потпиша пет и пол годишен договор со нас и е фудбалер со предиспозиции да биде многу добро засилување за нас, па мислам дека ситуацијата со Кристијан Ериксен беше многу добро изменаџирана од страна на г-дин Леви“.
БетАдриа викенд типови: Волвс се 40 години без победа на Олд Трафорд