Мурињо ги загуби нервите: Запнале играј го Трој, а половина од навивачите не знаат како изгледа момчето!

by
2 минути читање

Тотнем и Мурињо
се во големи проблеи откако Хари Кејн и Хеунг мин Сон заработија тешки повреди
и ќе бидат надвор од стројот со месеци. „Специјалниот“ нема друга опција за
шпицот на нападот и мора да покриваат играчи како Лукас Мур
a или Бергвајн.

Навивачите бараат
шанса да добие тинејџерот Трој Парот, кој има одлична статистика како младинец
и веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Ирска.

Притисокот е се
поголем, па Жозе Мурињо ги загуби нервите и жестоко одговори, вели дека
половина од навивачите не знаат ниту како изгледа 18 годишното момче.

„Многу луѓе не
знаат дали Трој има долга или кратка коса. Дали има светла или темна коса. Половина
од навивачите не знаат како тој изгледа, а запнале, „Трој, Трој, Трој, Трој
треба да игра“. Пред некој ден, еден човек што седеше веднаш над нашата клупа
почна да вика, „Пушти го Трој, нека влезе Трој“. Искрано мислам дека тој не го познава
Трој“
– вели Португалецот.

Жозе Мурињо на
тој натпревар (поразот од Вулверхемптон од 2-3) му даде шанса на Парот, но само
во последните три минути.

„Специјалниот“
исто така вели дека напаѓачот прво треба да покаже дека заслужува место во сениорскиот
тим на Тотнем, па дури потоа ќе смета посериозно на него.

„Бев заодоволен
од неговата игра, и не мислам само на голот кој го постигна“
– вели Мурињо за
партијата на Трој Парот за У23 тимот во понеделникот.

„Му кажав дека
секогаш кога ќе игра со деца на негова возраст, мора да им покаже зошто тој е
привелигиран и зошто тренира со првиот тим. Претходно не го правеше тоа,
секогаш кога играше со своите врсници, имаше лош пристап, си мислеше „Не треба
да бидам тука“, или „Предобар сум за да играм тука“. Откако му го сугерирав
ова, работите се променија, тој сега има има правилен пристап и секогаш кога ќе
истрча е најдобар поединец“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×