76
Мурињо имаше замерки за Лук Шо, Крис Смолинг и Фил Џонс влејќи дека тие не сакаат да се жртвуваат за тимот и одолговлекуваат со враќањето на теренот по повредите.
Сатон смета дека тоа е понижување за играчите, а Мурињо со таквото однесување ризикува да ги сврти сите фудбалери на Јунајтед против себе.
„Не е фер јавно да ги критикуваш фудбалерите затоа што не играле со болка, се уште недоволно опоравени“ – вели Сатон.
„Тренерите под чие водство сум играл јас, овие работи ќе ги кажеа во соблекувалната, но не јавно. Мислам дека Мурињо ја преминува линијата која води до проблеми“.
„Мислам дека со тоа он сака да упати порака до бордот „Не ги сакам овие играчи во клубот, треба да ги заменам“.