Мурињо ги одреди опциите по „корпата“ од Гризман, но легендата на Јунајтед сака да види друго име на Олд Трафорд

by
2 минути читање

Антоан Гризман беше целта број 1 на „Црвените Ѓаволи“, но откако вчера беше
одбиена жалбата на Атлетико и на сила останува забраната за трансфери,
плановите на Жозе Муињо се пореметени.

Французинот вчера му се јавил на „Специјалниот“ и му соопштил дека по последниот развој на настените
нема шанси да замине од Мадрид, па Жозе Мурињо е приморан да стокми нова
листа.

Како опции за Манчестер јунајтед сега се посочуваат Ромелу Лукаку, Андреа
Белоти и Алваро Мората, но лгендата  клубот, Брајан Робсон има сосема друга желба.

„Каректеристиките на Алексис Санчез потполно одговараат, тој е цврст играч,
одлично технички поткован, работни напорно, постигнува голови и креира шанси
– вели Робсон, кој има преку 450
настапи за „Црвените Ѓаволи“.

„Тој е тип на играч кој ќе биде обожаван на Олд Трафорд.

„Игра за Арсенал,
па знае да се справи со притисокот
.

„Мислам дека ќе
биде одлично засилување
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани