„Мурињо е во право, Погба никогаш не може да биде поголем од Манчестер јунајтед“

by
1 минути читање

На почетокот од сезоната Мурињо му ја даде капитенската лента на Пол Погба и го назначи за заменик на Антонио Валенсија кој е прв капитен на Манчестер јунајтед.

Португалецот се надеваше дека капитенската лента ќе го промени односот на Пол Погба, но францускиот играч продолжи да дава двосмислени изјави во медиумите и наместо да биде пример за останатите фудбалери тој допринесува за раздор во соблекувалната.

Иако важноста на Погба во тимот е неспорна, а резултатите на Мурињо во Манчестер јунајтед не се добри, речиси никој од фудбалските критичари во Англија не застана во одбрана на фудбалерот. На островот многу добро се знае улогата на капитенот и начинот на кој тој треба да се однесува. 

„Ја разбирам одлуката на Мурињо, понекогаш треба да донесете таква одлука. Фудбалер никогаш не може да биде поголем од тренерот ниту од клубот“, вели поранешниот англиски фудбалер, Лиам Росениор.

„Кога фудбалерот зборува за тоа дека тимот требал да напаѓа, да игра така или онака и да ги доведува во прашање одлуките на тренерот, тоа не креира проблеми само помеѓу нив двајца, туку креира лоша атмосфера во соблекувалната“.

„Со тоа треба да се справите бидејќи ризикувате и другите фудбалери да почнат да не се согласуваат со вас како тренер. Тренерот ја губи моќта а последната работа која треба да му се случи на тренерот е да ја загуби контролата над соблекувалната, затоа одлуката на Мурињо е исправна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×