Мурињо е уверен дека нема да добие отказ

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед има очаен почеток на сезоната, па рано почна да се тресе столчето на Жозе Мурињо, како негов наследник се споменува Зинедин Зидан.

На денешниот прес по повод мечот со Валенсија во Лигата на шампионите, Мурињо беше запрашан дали смета дека може да добие отказ доколку резултатите брзо не се променат. Португалецот одговори: „Не, не мислам дека тоа ќе се случи“.

Мурињо беше запрашан и за што се зборувало на состанокот со Ед Вудвард по поразот од Вест Хем.

„Тоа е приватна тема, нема да ви одговорам, приватно е, нема да одговорам на тоа прашање“.

Португалецот смета дека подобрувањето на перформансите на тимот зависат од сите сегменти во клубот, не само од фудбалерите.

„Перформансите на теренот се резултат на многу фактори. Пример Лук Шо реше дека фудбалерите на теренот треба да дадат повеќе. Ми се допаѓа таа перспектива но не се согласувам целосно. Сите ние имаме улога, сите во клубот, дури и економот“.

„Но мислам дека на некои им е повеќе грижа за резултатите отколку на други“.

Мурињо одби да каже кои се тие на кои помалку им е грижа за излегување од актуелната криза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×