Откако си замина од Порто, Мурињо секогаш бил во клубови кои трошат големи суми за засилувања и кои можеле да му донесат ѕвезди. Но политиката на Тотнем не е таква и тој го знае тоа.
„Во Тотнем сум, го знам профилот на клубот, го знам проектот, ја знам визијата, ги знам целите“, вели Мурињо.
„Знам дека во нашиот трансфер пазар ние ќе реагираме само на работи кои можат да ни се случат нас на пазарот. Ако некој си замине, треба да се адаптираме на тоа“.
„Но никогаш нема да бидеме кралеви на пазарот, да напаѓаме големи играчи, да се бориме со клубови кои се подготвени со својот профил и филозофија да платат многу пари за големи играчи“.
„Ние треба да ги правиме нашите работи на интелегентен начин, креативен начин, и ќе повторам, ми се допаѓаат фудбалерите кои ги имам“.
„Колку повеќе работам со нив, толку подобро ги запознавам, повеќе им ги знам квалитетите и проблемите“.