Мурињо е само „планот Б“, друго име е целта број 1 на ПСЖ

by
1 минути читање

Во последните
неколу недели се почесто се говори за можноста Жозе Мурињо да го превзеде
кормилото на ПСЖ.

Според пишувањата
на Ла Паризиен, иднинта на Унаи Емери во Париз е под знак прашалник, па
„Светците“ имаат составена листа со потенцијални наследници.

На неа е името на
Жозе Мурињо, но „Специјалниот“ е само „планот Б“ и лидерите на клубот веруваат
дека Антонио Конте е идеалниот тренер за нив.

Италијанецот е
под договор со Челси до 2019, но има големи проблеми на Стенфорд Бриџ
(конфликтот со Диего Коста, продажбата на Матиќ, недоволниот број на квалитетни
засилувања и расправијата со Давид Луиз) па често се говори дека предвреме ќе
ја прекине соработката со „Сините“.

Но многу работи
зависат од тоа каков успех ќе донесе Унаи Емери оваа сезона. Шпанецот е обврзан
кон ПСЖ до 30. јуни, но пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите му
гарантира уште една додатна година. Доколку тој донесе триумф во најелитното
европско натпреварување, веројатно „Светците“ ќе му понудат и договор со
трајност од неколку години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани