Мурињо е фрустриран од „неспособноста“ на раководството на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед во досегашниот дел од преодниот рок успеа да го комплетира трансферот на Виктор Линделоф, но никако тоа да се случи и со Немања Матиќ и Алваро Мората.

Подготовките на Манчестер јунајтед стартуваат во недела, а Жозе Мурињо сака да ги почне и со новите засилувања.

Португалецот е фрустриран од работата на извршниот директор Ед Вудворд и неговата неспособност порано да ги договори трансферите.

По освојувањето на титулата во Лига Европа, Мурињо рече: „Ед Вудворд ги има моите анализи, го има тоа што го сакам, сега е на него, на сопствениците и луѓето кои работат со него да го реализираат“.

Мурињо сака да биде конкурентен за титулата во Премиерлигата идната сезона и за таа цел сака да донесе барем по едно големо засилување на сите позиции.

Сепак раководството на Јунајтед има уште неколку дена да комплетира дел од трансфер желбите на Мурињо пред да почнат подготовките, а доколку не успеат, Португалецот нема да биде среќен, но ќе мора да се задоволи и со подоцнежно пристигнување на новите играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани