„Црвените Ѓаволи“ веќе платија над 30 милиони фунти за Виктор Линделоф, а го купија и Ромелу Лукаку за 75 милиони фунти.
Но Жозе Мурињо не е задоволен и бара уште две имиња, на листата со желби се Иван Перишиќ од Интер и Немања Матиќ од Челси.
Но преговорите бележат спор прогрес, па „Специјалниот“ е бесен на првиот човек на клубот, Ед Вудворд и сопствениците, семејството Глејзер.
Според Мирор, Жозе Мурињо верува дека семејството Глејзер гледа да помине што поефтино.
„Црвените ѓаволи“ одбиват да платат 55 милиони евра (нешто помалку од 50 милиони фунти) колку што бара Интер за Иван Перешиќ, како и сумата од над 40 милиони фунти потребна за ангажман на Немања Матиќ.
Португалецот исто така чуствува дека Манчестер јунајтед нема да го одврзе ќесето и да плати над 90 милиони фунти за Герет Бејл, доколку Велшанецот биде достапен кон крајот на преодниот рок.
Мирор вели дека Ед Вудворд иам наредба од семејството Глејзер да чека и да не брза со зделките.