Мурињо добро ги познава Перез и Реал, потегот на Португалецот клучен за трансферот на Лукаку

by
2 минути читање

Алваро Мората
беше топ цел на „Црвените Ѓаволи“ и долго време Манчестер јунајтед водеше
преговори со Реал Мадрид.

Но двата клуба
никако не успеваа да пронајдат заеднички јазик.

И покрај тоа што
Шпанецот е резерва на Сантијаго Бернабеу, „Кралевите“ бараа 90 милиони евра за
неговите услуги.

Манчестер
јунајтед најпрво понуди 70 милиони евра, а потоа на маса стави и понуда од 80
милиони евра.

И кога се
очекуваше Реал и Јунајтед конечно да ги надминат разликите, „Црвените Ѓаволи“ се откажаа, за
кратко време се договорија со Евертон и го украдоа Ромелу Лукаку од Челси.

Новинарот на
Индипендент Мигел Дилејни сега открива како Жозе Мурињо имал клучна улога во
овој трансфер.

„Специјалниот“
добро ги познава Флорентино Перез и Реал Мадрид, му станало јасно дека
шампионот на Европа нема да попушти па на лидерите на Манчестер јунајтед им
наредил веднаш да се насочат кон Ромелу Лукаку.

„Жозе имаше клучна
улога
– вели Дилејни.

„Му кажа на Ед
Вудворд дека Реал нема да попушти за Мората, па дека ќе мора да притиснат брзо
за Лукаку
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани