Мурињо доби попуст, Јунајтед и Евертон се договориле за Лукаку!

by
2 минути читање

Медиумите од
„Островото“ денеска најавија сензационален трансфер во кој Жозе Мурињо на
лутиот ривал Антонио Конте ќе му го украде Ромелу Лукаку.

Вестите са
преселба на Белгијанецот на Олд Трафорд сега добиваат на интензитет,
сите пишуваат дека Манчестер јунајтед и Евертон си подале рака за зделка вредна
75 милиони фунти.

Сега останува
„Црвените Ѓаволи“ да се договорат со самиот играч, но тоа не би требало да
преставува поголем проблем, Ромелу Лукаку е застапуван од Мино Рајола, кој има
одлична соработка со Жозе Мурињо.

Еден ваков развој
на настаните ќе биде значаен удар за Антонио Конте и Челси.

Шампионот на
Англија со недели преговара и Евертон одбива да ја намали цената од 100 милиони
евра, а Манчестер јунајтед за кратко време успеа да ги убеди „Карамелите“ да
дадат попуст.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани