Мурињо доби „корпа“ од уште еден дефанзивец

by
1 минути читање

Според Џанлука ди Марѕио, Манчестер јунајтед понуил 25 милиони евра за дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Диего Годин колку што изнесува и откупната клаузула, и плата од 9 милиони евра за фудбалерот, но неговиот одговор бил негативен.

Уругвајскиот дефанзивец одбил да се пресели во тимот на Жозе Мурињо и нема да се предомисли во последните неколку часа од преодниот рок.

Годин тренира со своите соиграчи од Атлетико Мадрид и сака да остане една од главните алки во тимот на Чоло Симеоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани