Мурињо делеше своја правда со Роки, Рамос му фаќаше сеир (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По поразот на Манчестер
јунајтед од Реал Мадрид во Суперкупот, Жозе Мурињо имаше што да му каже на
судијата Џанлука Роки.

„Специјалниот“
веруваше дека голот на Касемиро е од офсајд, а имаше и неколку замерки за
прекршоците кои беа досудени во корист на Кристијано Роналдо.

Па по последниот
свиреж на арбитарот, камерите го уловија Жозе Мурињо како се
објаснува со Џанлука Роки.

Но она што е
поинтересно е реакцијата на Серхио Рамос, дефанзивецот на Реал му фаќаше сеир
на „Специјалниот“ и слатко се смееше на неговите протести.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани