Мурињо даде одговор на гласините дека не сакал да го врати Роналдо во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Жозе Мурињо вели дека Кристијано Роналдо никогаш не му бил понуден па за тој да може да каже дали го сака или не.

Манчестер јунајтед ќе се сретне со Јувентус во групната фаза од Лигата на шампионите, па Роналдо само за еден меч повторно ќе биде на Олд Трафорд.

„Јувентус е еден од тимовите во Европа кои инвестираат за да ја освојат Лигата на шампионите бидејќи не им требаат инвестиции за да го освојат Скудетото“, вели Мурињо.

„Тие го освојуваат скудетото веќе шест-седум години. Целта е јасна, да ја освојат Лигата на шампионите, беа блиску до тоа откако два пати играа во финале, па тие се врвен клуб во Европа кои мислам дека после Ливерпул инвестираше најмногу“.

„Купија фантастични играчи во Кристијано, Џан и Бонучи. Но ќе им биде тешко на двата меча со нас“.

„Кристијано никогаш не ми бил понуден за да речам „да“ или „не’. Никогаш не сум имал можност да одлучам за негово доаѓање“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×