Жозе Мурињо
чувствува дека е оставен на цедило од Манчестер јунајтед, португалскиот стратег
верува дека клубот требало да застане зад него во јавноста во однос на случајот
со Пол Погба, неговото мислење е дека силата на фудбалерот не може да биде
позначајна од самиот клуб, пишува „The Guardian“.
Погба во два
јавни настапи упати критики кои беа адресирани директно до Мурињо, особено
поради тактичките определби на Португалецот предводејќи го тимот од Олд
Трафорд, а неговите коментари барајќи повеќе офанзивна игра, особено на домашен
терен, синоќа резултираа со скандирања на Олд Трафорд арената „Напаѓајте,
напаѓајте…“, во ремито без голови против Валенсија во Лигата на шампионите.
Според
информациите од Островот, Мурињо верува дека Манчестер јунајтед требало
навремено да го реши овој проблем кој зема голем замав во клубот, требало јасно
да му наведе на фудбалерот и неговиот агент Рајола дека не треба да се
изнесуваат јавно во однос на тоа што посакуваат да го кажат, бидејќи тоа се
косело со интересите на клубот.