Мурињо чека смена на Зидан

by
1 минути читање

Реал Мадрид немаше добри подготовки, Зидан се соочуваше со низа проблеми. Најголем дебакл кралевите доживееа на пријателскиот меч со Атлетико Мадрид на кој примија дури седум голови.

Сезоната ја стартуваа со победа кај Селта, по што се чинеше дека лошата атмосфера е минато, но притискот се врати откако синоќа одиграа само реми на Бернабеу против Ваљадолид.

Зидан со Реал Мадрид освои три шампионски титули по ред, но Флорентино Перез нема да го држи долго доколку резултатите се лоши и тимот ја губи битката со конкурентите.

Тоа го знае Жозе Мурињо кој верува дека ќе добие повик од Перез доколку Зидан добие отказ.

Во наредните два месеци Реал Мадрид ќе гостува и кај Атлетико и кај Барселона. По овие натпревари ќе се добие најдобра слика какви се шансите на кралскиот клуб да ја симне Барселона од тронот во Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×