Според „Дејли мејл“, Мурињо кога влегол во соблекувалната по натпреварот, го фрлил палтот на земја и почнал да им вика на своите фудбалери.
Бесниот Мурињо викал речиси по сите, но на изненадување на другите го поштедил новото засилување Линделоф кој беше виновен за вториот примен гол.
Мурињо својот бес го фокусирал најмногу на постарите членови на Манчестер јунајтед, а Португалецот беше разочаран и од изјавата на Андер Ерера кој рече дека играчите на Хадерсфилд играле со поголема пасија и биле поагресивни од нив.
„Не паметам ни пријателски меч каде однесувањето на играчите било толку лошо. Кога губам натпревари, сакам да ги губам бидејќи противникот бил подобар и поквалитетен. Но не поради односот на играчите, тоа е многу лошо“ – рече Мурињо по мечот.
„Го слушнав Андер Ерера во тв интервју како вели дека односот и желбата биле лоши. О Боже, кога играч го вели тоа или кога играч го чувствува тоа, мислам дека сите треба да излезат на прес и да објаснат зошто, бидејќи јас не можам да го објаснам тоа. Многу сум разочаран“.
Со овој кикс Манчестер јунајтед му обезбеди предност од пет бода на градскиот ривал Сити кој игра во фантастична форма.