Мурињо бесен: Пријателските натпревари немаат смисла!

by
1 минути читање

Смолинг се повреди за време на пријателскиот натпревар против Германија, додека Џонс на еден од тренинзите на репрезентацијата.

За мечот против ВБА, Мурињо нема да може да смета ниту на повредениот Погба и суспендираните Ерера и Ибрахимовиќ.

Тој смета дека пријателските натпревари немаат смисла ако не се пред големите натпреварувања.

„Јас сум комплетно против пријателски натпревари“ – вели Мурињо.

„Мислам дека пријателските натпревари имаат смисла само пред финалната фаза“.

„Неколку недели пред Европското или неколку недели пред Светското првенство има смисла. Но пријателски мечеви на сред сезона измешани со квалификациски натпревари, не мислам дека има смисла“.

„Мечот против ВБА ќе биде тежок, ние имавме 13 фудбалери на репрезентативна должност, тие имаа еден играч. Нивните ќе бидат одморени и подготвени за натпреварот, на нас ќе ни биде потешко“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани