Пред осум дена Мунтари го напушти теренот пред крајот на натпреварот против Каљари бидејќи главниот судија Даниеле Минели не ја послуша неговата молба мечот да се прекине поради расистички навреди од трибините.
„Ако се случи повторно, денес, утре, на следниот натпревар, повторно ќе излезам од теренот, тоа им го препорачувам и на другите“– вели 32 годишниот фудбалер.
Мунтари најпрво беше суспендиран, но по јавната поддршка и бројните апели неговата казна беше укината.
„Проблемот со расизмот не ги интересира ФИФА и УЕФА, тие го работат само она што ги интересира. Да беа заинтересирани веднаш ќе реагираа. Се зборува за тоа недела-две и потоа сите го забораваат“.
„Штрајкот е разумна идеја. Ако расистичките навреди продолжат, тогаш секако дека не сте во вистински фокус за игра. Зошто го играме фудбалот? Од забава, од љубов, но ништо нема од тоа. Расизмот е секаде и станува се полош, ме третираат како криминалец, тоа се случува на секој натпревар“.