Муние за рано водство на Белгија против Англија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Белгија ја совлада веќе еднаш Англија, и тоа во групната фаза од Мундијалот, а има нова можност да го повтори тој успех, и тоа на денешниот меч за третото место на турнирот.

Муние уште во петтата минута ја смести топката во мрежата од голот на Гордиот Албион за кого сигурно ова е почетен шок од кој ќе мораат да се вратат во продолжението од средбата.

Голот дојде по една нафрлена топка од страна на Чадли, Муние се најде на вистинското место а Пикфорд немаше можност да реагира нешто повеќе од тоа што го направи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани